• Саше Љолес

Поранешниот холандски репрезентативец, Франк Де Бур, изјави дека е импресиониран од настапот на Лука Модриќ на натпреварот помеѓу Хрватска и Франција во Лигата на нации.
Де Бур беше селектор на Холандија и тренер на неколку екипи, а за домашните медиуми рече дека со внимание го следел мечот меѓу „коцкестите“ и „триколорите“, истакнувајќи дека Модриќ уште еднаш покажал каква класа поседува во своите нозе.
„Неверојатен натпревар за Модриќ. Тој има скоро 40 години, а беше најдобро оценет од сите во неговата репрезентација. Ја контролираше топката на феноменален начин и навистина сум импресиониран од неговиот настап. Хрватска може да се гордее што го има во тимот, тој е фудбалско чудовиште“, изјави Де Бур.
Избраниците на Златко Далиќ имаат убава позитива од два гола после првиот четвртфинален натпревар од Лигата на нации, но мисијата на реваншот сигурно ќе биде пеколно тешка.