Регион

Хрватска: „Плодине“ отвори нов супермаркет во Плетерница

05 апр 2024

Трговскиот синџир „Плодине“ отвори уште еден супермаркет во својата малпродажна мрежа.

 Новиот супермаркет во Плетерница е модерно уреден и приспособен на највисоките трговски стандарди и во него на купувачите им се нуди широк асортиман на производи по поволни цени, соопштуваат од компанијата.

По повод отворањето на новиот супермаркет за купувачите била подготвена програма со разни дегустации, бесплатна скара и освежителни пијалаци, а на тркалото на среќата купувачите можеа да освојат вредни награди. Во супермаркетот се вработени 30.луѓе од Плетерница и околината.

 Со отворањето на уште еден супермаркет, „Плодине“ има вкупно 133 продажни објекти низ Хрватска, но нема да запреме тука, стои во објавата на компанијата на нивниот профил на „Линкедин“.

Извор/Фото: „Плодине“/„Линедин“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...