Драма во Шпанија: Фудбалер на Бетис е во кома, тешко се повредил во семеен инцидент

Фото: EPA-EFE/Emmanuel Rodriguez

Фудбалерот на Бетис, Феликс Гарета (20) кој игра како позајмен во второлигашот, Аморебиета се наоѓа во индуцирана кома по тешките повреди кои ги заработил на главата откако бил повреден во семеен инцидент.

Според информациите тој во еден момент додека престојувал во село во близина на Барселона почувствувал вртоглавица по која паднал на земјата и сериозно се повредил.

Гарата веднаш бил пренесен во болница каде што е ставен на интезивна нега и докторите неговата состојба ја опишале како неизвесна.

За ситуацијата неговите соиграчи биле информирани во текот на вчерашниот ден, наскоро се очеквуваат повеќе информации околу целиот случај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот