За Силјановска Давкова власта е потпалувач на проблеми

фото: Слободен печат

Кандидатката за претседател на државата Гордана Силјановска-Давкова ја обвини власта дека не креира рационални политики и дека е потпалувач на сите проблеми. Таа образложувајќи што значи да се води рационална политика, рече дека прво треба да се постави цел и да се одберат актерите кои ќе стигнат до неа.

„Ние што се занимаваме со науката велиме дека политиката мора да биде рационална. Да креираше оваа власт рационални политики во сите области почнувајќи од образованието, здравството, социјалната заштита, меѓународната политика, ние немаше да се чувствуваме понижени“, рече Силјановска-Давкова.

Според неа, потребно е да за претседател да се избере човек од знаење, за кој рече ќе биде опкружен со тим што знае, умее и сака и кој рационално ќе ја води Македонија.

„Понекогаш не може да се предвидат некои нешта, се случуваат ненадејно. Мора да имате одговор и за таквите ситуации. Оваа власт нема одговор и на таквите ситуации. Се појавува проблем, ама вие имате однапред подготвени решенија затоа што имате алтернативи. Што прави оваа власт? Таа власт применува една трета политика, што и не е политика и се вели обид за гаснење на пожари. Ама тие не се пожарникарите. Тие се токму оние потпалувачите на проблемите. Затоа треба да си заминат“,додаде Силјановска-Давкова.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот