Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Синдромот на немирни нозе го спречува мирниот сон за многумина.

Ако не се лекува, немирот во нозете може да предизвика силен и постојан замор, дневна поспаност и исцрпеност.

Луѓето кои страдаат од синдром на немирни нозе, а често и нивните партнери, се будат уморни, поспани, а понекогаш доживуваат анксиозност, вознемиреност и депресија.

Причини

Кај половина од заболените од оваа болест, генетскиот фактор е пресуден. Болеста е наследна, а симптомите може да се појават уште во 20-тите години.

Другата половина од пациентите страдаат од последици од некоја друга болест. Во овој случај, синдромот на немирни нозе се појавува во подоцнежна возраст, а причината може да биде:

  • ревматизам
  • оштетување на нервите
  • недостаток на железо, фолна киселина или витамин Б12
  • нарушување на метаболизмот на шеќерот
  • нарушување на функцијата на бубрезите
  • бременост (минливи)
  • земање одредени лекови, на пр. антидепресиви (симптомите обично исчезнуваат по прекинот на терапијата).
Дознајте дали страдате од синдром на немирни нозе

Потврдните одговори на овие прашања укажуваат на тоа дека можеби патите од синдром на немирни нозе:

  • Дали имате или понекогаш чувствувате повторливи непријатни сензации во нозете додека седите или лежите, што го отежнува заспивањето?
  • Дали имате или понекогаш чувствувате повторлива потреба да ги движите нозете додека седите или лежите?
  • Дали овие симптоми се полоши при седење и лежење, а помалку изразени или отсутни при движење?
  • Дали овие симптоми се полоши навечер или во текот на ноќта, во споредба со утрото?
Природен третман

Како природен лек за немирни нозе, експертите препорачуваат:

  • движење
  • масажи
  • миење на нозете во ладна вода
  • магнезиум како додаток во исхраната
  • избегнување на алкохол и кофеин

Доколку горенаведените мерки не помогнат, контактирајте го вашиот лекар, кој ќе ве упати кај невролог.

реклама

Здравје

Што се случува кога пиеме кафе на празен стомак?

Read more

Најдобри опции за појадок за луѓе над 40 години

Read more

Лекар советува каков чај да пиете за намалување на крвниот притисок

Read more

6 знаци дека внесувате премногу сол

Read more
 

Магазин

Дали Камила ја стигна кармата за она што ѝ го направи на Лејди Ди?

Читај повеќе

Што се случува кога пиеме кафе на празен стомак?

Читај повеќе

3 едноставни чекори како да ослабите 10 килограми

Читај повеќе

Аналитичарка на соништа открива што значи кога постојано сонуваме една иста личност

Читај повеќе

Колку години има вашето куче? Не, не се множат со 7

Читај повеќе

Како да си ја зголемите платата за 25 проценти?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобри опции за појадок за луѓе над 40 години

Читај повеќе

Потези што го прават мажот фантастичен љубовник

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Копани со брокула во сос од павлака и сенф

Читај повеќе