Фановите се загрижија за здравјето на Тејлор Свифт: Ѝ треба одмор (ВИДЕО)

Тејлор Свифт ги загрижи обожавателите откако на социјалните мрежи почна да се шири видео од нејзиниот неодамнешен концерт, одржан во Сингапур како дел од турнејата The Eras.

Имено, додека ја изведуваше песната Delicate, пејачката постојано е снимена како кашла и се обидува да си го прочисти грлото, поради што фановите во коментарите почнаа да пишуваат дека се загрижени за нејзиното здравје.

@heyjoshd hope she's okay. she's been coughing 🥹 #TheErasTour #TheErasTourSG #TaylorSwift ♬ original sound - heyjoshd

„Се надевам дека е добро“, коментира еден фан, додека друг додал: „Ѝ треба одмор“.

"Можам само да замислам колку е исцрпувачки да даваш сѐ од себе на секое шоу. Таа е неверојатна", "Изгледа уморно. Се надевам дека наскоро ќе се одмори" и "Оздрави наскоро, Тејлор", беа само некои од коментари од фановите.

Да потсетиме, кога беше објавено дека Тејлор ќе одржи дури шест концерти во Сингапур како дел од нејзината светска турнеја како единствена станица во тој дел од светот, соседните земји тоа го прогласија за „непријателски чин“ на тој град-држава, а целата приказна се претвори во политичко прашање на југоистокот на Азија.

Подоцна, сингапурскиот премиер Ли Хсиен Лунг призна дека моментално најголемата светска поп-ѕвезда, Тејлор Свифт, била платена да настапи само во Сингапур и никаде на друго место во Југоисточна Азија.

Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани

Скопјанец пријавил дека во менувачница во Старата скопска чаршија бил измамен од страна на двајца странски државјани за сума од 25.000 евра, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.

Синоќа во 19.15 часот во СВР - Скопје, Х.М., на возраст од 34 години од главниот град на државава, пријавил дека околу 15 часот во менувачница во Старата скопска чаршија бил измамен од двајца странски државјани.

Според пријавеното, откако се договориле во менувачницата да сменат пари за 25.000 евра, лицата дошле со чанта со договорената сума на пари во денари, при што еден од нив ја заменил чантата со денари со друга иста чанта, која во долниот дел била полна со хартиени ливчиња.

Како што пријавил Х.М., тој им ги дал еврата без да ја провери чантата, а откако заминале, сфатил дека е измамен, појаснуваат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Арсовска: Нова енергија, нови луѓе, Нова Алтернатива.

Во изминатите две години покажавме дека со упорност и покрај блокадите може да се наметнат системски промени кои од корен ги менуваат градските институции.

Затоа Нова Алтернатива со нови луѓе и нова енергија за прв пат самостојно настапува на овие парламентарни избори со бројот 9.

Успеавме да ги намалиме непродуктивните трошоци, единствено не ги згаснавме светлата на улиците сред најголемата енергетска криза, ги консолидираме јавните претпријатија.

Први и единствени се боревме повеќе да нема лица кои не одат на работа, а земаат плата. Успеавме да откриеме стотици такви случаи за кои останатите институции сега треба да превземат мерки за враќање на парите кои ги земале.

За Македонија која ќе се базира врз право и правда неопходно е да се спроведат системски реформи:

-Целосно чистење на институциите од оние кои не одат на работа, а сепак земаат плата

-Воведување системска дигитализација со која човечкиот фактор и влијание при избор на вработување ќе се елиминира

-Со ветинг во сите јавни институции да се детектираат злоупотребите на позициите и за истото да следат највисоки санкции

Затоа на овие избори одберете го бројот 9 и гласајте за Нова Алтернатива, за луѓе кои секогаш ќе се спротивстават на неправдите и ќе работат за подобар живот во Македонија.

Нова енергија, нови луѓе, Нова Алтернатива.

Денес е ден на Македонскиот јазик

Денеска Македонија го одбележува 5 мај – денот на Македонскиот јазик.

На овој ден во 1945 година, со решение на Народната влада на Федерална Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик врз принципот еден глас – една буква, а набргу потоа, на 7 јуни 1945, е усвоен и Правописот на македонскиот јазик.

Кодификацијата на современиот македонски стандарден јазик се заокружува со делата на Блаже Конески – Граматиката на македонскиот литературен јазик, Речникот на македонскиот јазик и Историјата на македонскиот јазик.

притисни ентер