„Потпри се на младите“: Жени и млади од руралните средини охрабрени за бизнисот

Невладината организација Елит со финансии од ЕУ спроведе проект „Потпри се на младите“ за развој на лидерски и менаџерски вештини во социјалното претприемништво како и технички вештини за реализација на социјално претприемништво.

Обуките беа организирани во Тетово, Охрид, Битола, Куманово и Крива Паланка и на нив присуствуваа над 80 млади и жени.

„Целта на овие специјализирани обуки е да им помогнеме на младите и жените од руралните средини да се здобијат со вештини и да го подобрат својот капацитет, за да станат поконкурентни на пазарот на трудот, да можат да се вклучат во заедницата и дадат свој придонес во развојот на локалната економија. Фактот дека голем број од учесниците изјавија дека добиле инспирација, мотивација, оптимизам и насоки за идни акции во областа на бизнисот дава надеж дека ја оправдавме проектната цел и дека ќе ги охрабриме младите од руралните средини да станат активни чинители во заедницата “, велат од Здружението на жени менаџерки ЕЛИТ.

Обуките ги одржа сертифицираниот тренер Ирена Јакимова, која со учесниците работеше на теми поврзани со главни функции на менаџерите, лидерски стилови и вештини, запознавање со основните функции и предизвици на секој бизнис, јакнење на способноста за генерирање социјални бизнис идеи и тимска работа. Дополнително, на обуките преку презентација на реални и постоечки социјални бизниси, учесниците имаа можност практично да се запознаат и со позитивните примери, најдобрите практики, но и постоечките предизвици при развивањето на социјалните бизниси.

Невладината организација Елит, посветена на родова еднаквост, мир и демократија како и социјална правда во Македонија, и се залага за зголемен број  жени на одлучувачки функции со што жената ќе стане значаен фактор во македонското општество.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот