„Под Хоризонтот”- изложба на Симона Мирчевска

01.02.2024 10:22
„Под Хоризонтот”- изложба на Симона Мирчевска

На 2 Февруари, со почеток од 20 часот, во галерија ОРО” (бул. Илинденска бр 60), ќе се одржи третата по ред изложба во организација на здружението „ОРО”, овојпат самостојна изложба на Симона Мирчевска насловена „Под Хоризонтот”.

„Под хоризонтот” го истражува современото многуаспектно значење на терминот „пејзаж”.

Физичкото и духовното освојување на територијата е документирано во серија на ликовни записи преку кои се овозможува осознавање на пејзажот преку чувствувања и искуства.

Возвишената слика која се развива под хоризонтот е ништо друго освен поглед кон внатрешноста, кон експресијата предизвикана од емотивната енергија, силата и моќта на природата како наш исконски дом, како дел од човекот, негово наследство и негова традиција.

„ОРО” е здружение посветено на промоција и организирање на настани од областа на културата.

ОкоБоли главаВицФото