logo
logo
logo

Вучиќ испрати писма до европски лидери по повод евентуален прием на Косово во Советот на Европа

Vecer | 12.04.2024

Вучиќ испрати писма до европски лидери по повод евентуален прием на Косово во Советот на Европа

- Србија сè ќе направи за да не дојде до членство … Првиот предизвик за нас е Советот на Европа и битката што ни претстои, посочи Мали.

Тој додаде дека врз Србија се врши притисок „поголем од кога било“.

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) се очекува на 16 април да гласа за прием на Косово, чија независност не ја признава Србија. Конечната одлука ќе биде донесена на состанокот на Комитетот на министри на 16 мај.

На 5 април, на барање на српскиот претседател, беше формирана Работна група за координација на активностите на државните власти која ќе работи на планот „да се спречи приемот на Косово во Советот на Европа“.

Во мај 2022 година, Косово поднесе барање за членство во Советот на Европа, а на 27 март годинава Комитетот за политички прашања на ПССЕ го одобри извештајот на известувачот за Косово, Дора Бакојани, во кој се наведува дека Косово ги исполнило условите да стане полноправна членка на Советот на Европа.

Србија е членка на Советот на Европа од 2003 година. Белград не ја признава прогласената независност на нејзиниот поранешен регион во 2008 година. Белград и Приштина водат дијалог за нормализирање на односите со посредство на ЕУ. Меѓу земјите кои не ја признаваат независноста на Косово се Кина, Индија и пет земји од ЕУ – Кипар, Грција, Романија, Словачка и Шпанија. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk