Многу родители не знаат како да воспитаат добро и емпатично дете, а не иден насилник. Иако постојат истражувања кои покажуваат дека претерано попустливото родителство, насилните видеоигри или злоупотребата од страна на родителите може да придонесат детето да стане насилник, она што може да ве изненади е фактот дека дури и најдобронамерните родители понекогаш несвесно ги саботираат своите напори да воспитаат љубезни и грижливи деца.

Како што објаснуваат психолозите, постојат неколку начини на кои родителите несвесно поттикнуваат злоупотреба. Еден од нив е озборувањето. Имено, родителите кои имаат тенденција да озборуваат други луѓе, ќе го поттикнат истото однесување кај своите деца, бидејќи децата секогаш гледаат и повторуваат сè што прават нивните родители.

Покрај озборувањето, уште една грешка е тоа што родителите не ги покажуваат чувствата. Психолозите предупредуваат дека многу родители често забораваат да ги изразат своите чувства и да кажат „те сакам“, без разлика дали се работи за разговор со детето или со партнерот. Позитивното покажување интимност во домот е основата на сите други односи на нашите деца.

Без разлика колку сте зафатени, едноставната прегратка и бакнеж за секој член на семејството е одличен почеток за учење на здравата интимност. На децата треба да им се покаже дека се грижиме за да можат и тие самите да им го покажат истото на другите.

Третата работа што често несвесно поттикнува насилничко однесување кај детето е недоследното спроведување на правилата. Тоа е една од најлошите работи што родителите можат да ја направат, но во овие граници лежи слободата. Психолозите тврдат дека секогаш треба да поставуваме основни правила и да инсистираме на нив, бидејќи само така децата ќе имаат здраво чувство за моќ и независност и нема да чувствуваат потреба за малтретирање, во обид да ја вратат изгубената моќ.

Извор



912

X