Новак Ѓоковиќ го собори речиси секој можен тениски рекорд.
Сите паднаа пред Србинот, а има десет скали поставени од најдобриот тенисер на светот, за кои се верува дека никогаш нема да се урнат.
<b>Десет рекорди на Новак Ѓоковиќ кои најверојатно никогаш нема да бидат урнати, или барем не во нашиот живот.</b>
<b>Недели на прво место: </b>Новак Ѓоковиќ продолжи да доминира на АТП листата. Најдобриот тенисер на сите времиња е сигурен на првата позиција до 10 јуни, односно до крајот на Ролан Гарос, со што ќе достигне 428 недели на тронот.
Новак не загуби ниту еден поен минатата недела, Синер доби 200, а на Карлос Алкараз му се избришани дури 800. Во топ 5, Данил Медведев доби 110 поени, а Александар Зверев скромни 10.
<b>Завршени години на прво место:</b> Ноле осум пати ја завршува годината на првото место, а во наредниот период ќе има можност да го надмине и тој успех.
<b>Низа последователни победи:</b> Во 2011 година, Ѓоковиќ победи 41 последователен пат со седум освоени трофеи, пред да загуби на Ролан Гарос.
Тоа се 15 повеќе врзани победи од стариот рекорд, кој исто така го држеше Новак.
<b>Најмногу освоени мечеви против играчите во топ 10: </b>Дури 275 победи најдобриот тенисер на светот има против играчите кои се во топ 10 на АТП листата.
<b>Најмногу АТП поени во исто време на сметка: </b>По освојувањето на Ролан Гарос во 2016 година, Новак Ѓоковиќ имаше неверојатни 16.950 поени на АТП листата, речиси двојно повеќе од тогашниот Роџер Федерер и го надмина својот рекорд за 1.000 поени.
<b>Најмногу одиграни гренд слем финалиња: </b>Новак никогаш не стигнал до помалку од седум финалиња на ниту еден Грен слем. Тој одигра 10 финалиња во Австралија, 7 во Париз, 9 во Лондон и 10 во Њујорк.
<b>Колку финалиња колку титули: </b>Ѓоковиќ освои 10 титули од 10 финалиња на Австралија опен. Податок кој е под знак прашалник дали некој во историјата некогаш ќе го направи.
<b>Најмногу победи на сите Грен слем турнири:</b> Новак забележал најмалку 88 победи на најголемите тениски турнири во Њујорк, додека во Париз и Лондон забележал 92 победи и во Мелбурн 94.
<b>Го освојуваше секој Мастерс најмалку двапати: </b>Ѓоковиќ во кариерата освоил најмалку по два пати освојувал турнир од Мастерс серијата, ако повторно би го освоил Монте Карло, на секој ќе имаше по три освоени трофеи.
За крај доволно е да се каже 24 Грен слем! Едноставно ГОАТ.