ВИДЕО | Француска тиктокерка се пошегува: На Балканот пиењето кафе е попопуларен спорт од фудбалот и кошарката

Фото: Принтскрин / ТикТок

Французинката Ејми која поради љубов се преселила во Сараево, Босна и Херцеговина, на својот ТикТок профил „Црна.лутка“ објави дека почнала да се занимава, како што вели таа, со „спортoт бр.1 на Балканот“ – пиењето кафе, пренесува „Нова.рс“.

Во видеото кое стана вирално, таа се пошегува и рече дека го открила новиот спорт на Балканот за кој вели дека е спорт број еден на Балканот.

„Заборавете на кошарката, фудбалот и тенисот, бидејќи овој спорт се вика ‘ајде на кафе’. Настрана шегата, ми стана омилен спорт во светот“, вели Ејми, а потоа ги запознава луѓето со правилата.

„Луѓето овде од ведро небо се јавуваат на кафе, не ги ни планираат деновите однапред. Само праќаат порака и тоа е тоа“, се чуди Французинката.

Таа ги поканува во овој дел од светот сите што сакаат да пијат кафе и уживаат во огромно секојдневно дружење.

„Се разбира, ако никој друг не може, оди сам. Луѓе мои, овде на секои 100 метри има по едно кафуле“, продолжува таа.

Тоа што дополнително ѝ се допаднало на тиктокерката е дека кафето тука е многу евтино.

@crna.lutka Haj na kafu ❤️#coffee#sarajevo #humor #hajnakafu #fyp#pourtoi@Hana Hoso ♬ son original – Amy en Bosnie

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот