Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“

„Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и да си врзам два шамара за да се освестам и да си признаам дека е магија да си жена, кревка и кршлива“, пишува Ивана Кнез.

ivana-knez-so-mokjen-status-za-8-mart-ne-uspea-zhenata-shto-se-omazhi-da-ispolni-kvota-tuku-taa-shto-ne-se-rasprava-so-ego-i-sueta-01.jpg

Модната дизајнерка Ивана Кнез со искрен и моќен статус на Инстаграм им го честита 8 Март на сите жени.

Таа вели дека е богата, а сепак не успеала во животот, бидејќи се фокусирала на кариерата и нема семејство, но ќе го смени тоа.

Ивана ја опиша и успешната жена - онаа која ужива во среќата, му се радува на семејството, не се расправа со его и суета...

ivana-knez-so-mokjen-status-za-8-mart-ne-uspeav-imam-kariera-no-nemam-partner-i-deca-06.jpg

„Мамо, јас сум богат човек.

Не успеав. Имам кариера, имам сè што ми треба, по толку големи борби имам и здравје, се имам сама себе, но немам партнер и немам деца.

Не успеав. Не успеавте ни вие што се омаживте за да исполните општествена квота или да задоволите туѓи стандарди за среќа, не успеавте ни вие што родивте деца за да задржите маж, ниту вие што останувате во брак за да не сте сами.

 ivana-knez-so-mokjen-status-za-8-mart-ne-uspeav-imam-kariera-no-nemam-partner-i-deca-05.jpg

Успеа жената која најде баланс, која знае што ја прави среќна, која се радува на малите работи во животот, која секој ден е благодарна што се буди покрај познато лице, која едвај чека да помине време со детулето откако ќе се врати исцрпена од работа.

Успеа жената која не се расправа со суета и его, која живее за миговите поминати со пријателите.

Успеа жената која се бори за својот партнер исто како што се бори сама за себе, која не се срами и која не се плаши да побара сè што овој живот има простор да ѝ даде.

ivana-knez-so-mokjen-status-za-8-mart-ne-uspeav-imam-kariera-no-nemam-partner-i-deca-04.jpg

Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и да си врзам два шамара за да се освестам и да си признаам дека е магија да си жена на која ѝ е потребно сè.

Кревка и кршлива, ама кога ќе ја избрусиш, животов ќе го претвори во блескав дијамант.

Среќен интернационален ден на жените, секој ден е, сè додека успеваме да ги живееме нашите соништа без страв од кршење“.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Миа Костова славеше Св. Никола - Тамара пееше за мерак на гостите, Тијана највесела од сите „Заради сите вас на масава, јас сум тоа што сум денес. Вие сте мојата сила засек...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
Кристина Димитри по јавните критики на нејзина сметка: „Поминав низ пекол, јас сум и мајка и татко н... „Жените денес не знаат што сакаат. Живеат од парите на мажот, а мислат дека се б...
Ивана Кнез се пожали какви коментари добива: „Мора да е боцкана, има ставено уста, нема шанси да нем... „Мит: Mора да е бар малку боцкана, ставана ѝ е уста, шанса нема да е природна. Ф...
Слаткар отворено за говорната маана: „На 2 години бев оставен сам во болница – кога ме зеле сум почн... „Едноствено уште како дете сум стравувал дека нема да можам да го кажам тоа што ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg