Ова се научно докажано најдобрите години за стапување во брак затоа што шансите за развод се помали: „После тоа, сѐ е пропаст...“

Точка

21/03/2024

11:42

17.177

Големина на фонт

а а а

Се докажало дека после наполнети 32 години, шансите за развод се зголемуваат за пет отсто секоја година.

Вашите 20-ти години се резервирани за забава, патување, правење грешки и излегување со „погрешни луѓе“, зарем не?

Па, очигледно дека не се. Според психотерапевтката Лори Готлиеб, ова е најдобриот период да се смирите.


Лори, гостувајќи во поткастот „The Diary of a CEO“ на Стивен Барлет, говорела за најдобрите години за венчавка, доколку сакате да избегнете развод, пишува „Metro“.

Цитирајќи го истражувањето од Институтот за семејни студии, Стивен рекол:

„Некој којшто ќе се венча на 25 години има над 50 отсто помала веројатност да се разведе отколку некој којшто ќе стапи во брак на 20 години“.

Објаснувајќи ги овие наводи, Лори рекла: „Очигледно е кога ќе се венчате помлади да немате вештини и да не сте изградени во сопствениот живот, ја немате нужната зрелост“.

Но, тоа е лоша вест и за луѓето во 30-тите години. Се докажало дека после наполнети 32 години, шансите за развод се зголемуваат за пет отсто секоја година.

„Колку што старееш, толку си построг, поригорозен, сѐ помалку сме отворени. Како што старееме, имаме сѐ повеќе негативни искуства. Врските кои не успеале го одредуваат начинот на којшто се однесуваме во односите со другите луѓе.

Се чини дека студијата од 2015 година сугерира дека имаме само релативно мал „простор“, од 25 до 32 години за да ја пронајдеме таа посебна личност.


Лори истакнала дека средните и доцните 20-ти се оптимално време за наоѓање партнер затоа што тогаш имате подобро чувство кои сте, знаете повеќе за тоа што сакате и може да растете заедно како пар.

„Ќе имате многу повеќе заедничко искуство и ќе знаете повеќе еден за друг. Вашите родители веројатно се сѐ уште живи и од двете страни, може да ги запознаете браќата и сестрите, повеќе да се интегрирате во животот на другите“, заклучила таа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг