Бунт во Холивуд: Ники Минаж, Били Ајлиш, Кети Пери и други музичари потпишуваат писмо против неодговорната вештачка интелигенција

Точка

03/04/2024

12:13

9.592

Големина на фонт

а а а

Група од 200 музичари потпишале отворено писмо, повикувајќи ги технолошките компании и програмери да не ја поткупуваат човековата креативност со алати за генерирање на музика за вештачка интелигенција.

Листата на долупотпишаните уметници е толку моќна и широка што би можела да создаде одлична постава на Коачела – на неа се наоѓаат Били Ајлиш, наследниците на Боб Марли, Чапел Роан, Еливс Костело, Грета Ван Флит, „Imagine Dragons“, Џон Бон Џови, „The Jonas Brothers“, Кејси Мусгрејвс, Кети Пери, Мак ДеМарко, Миранда Лаберт, „Mumford & Sons“, Ники Минаж, Ноа Каан, „Pearl Jam“, Шерил Кроу и Зејн Малик, меѓу другите.

„Кога се користи неодговорно, вештачката интелигенција претставува огромна закана за нашата способност да ја заштитиме својата приватност, нашите идентитети, нашата музика и средства за живот“, се наведува во писмото. „Некои од најголемите и најмоќните компании, без дозвола, ја користат нашата работа за обука на „AI“ модели … За многу вработени музичари, уметници и текстописци, кои само се обидуваат да состават крај со крај, ова би било катастрофално“.


Овие уметници се во право. „AI“ моделите кои генерираат нова музика и уметнички дела функционираат така што тренираат на огромните групи од податоци од постоечки дела, и во повеќето случаи, барањето вашата работа да се отстрани од овие модели е залудна вежба. Би било како еден од овие уметници да се обиде да спречи било кого да ја пиратира неговата музика – тоа едноставно не е реално. Веќе е можно да се направат убедливи „deepfake“ видеа од популарните уметници, а технологијата ќе биде само подобра.

Некои компании како што се „Adobe“ и „Stabiliti AI“ работат на музички генератори кои користат лиценцирана музика или музика без надомест. Но, дури и овие алатки можат негативно да влијаат на уметниците кои прават резултати за ТВ реклами или друга музика која уметникот би можел да ја лиценцира за својата работа.


Историски гледано, музичарите го добиле пократкиот крај од стапот додека технологијата станува се пософистицирана. Прво, делењето на датотеки го олеснува бесплатното добивање на музика; стримингот се појави како одговор на тоа прашање, но тој одговор не ги задоволува уметниците. Унијата на музичари и здружени работници минала години работејќи на обезбедување на подобри исплати за стриминг за уметници – уметниците проценуваат дека просечната стапка на хонорарот за стриминг на „Spotify“ е околу 0.0038 долари, или околу четвртина цент. Затоа има смисла музичарите да останат скептични кон оваа технологија.

Авторите исто така заземале став против растот на генеративната вештачка интелигенција. Во јули преку 15.000 писатели, вклучувајќи ги Џејмс Патерсон, Мајкл Чабон; Сузане Колинс, Роксен Геј и други, потпишале слично отворено писмо, пратено до извршните директори на „OpenAI“, „Alphabet“, „Meta“, „Stabiliti AI“, „IBM“ и „Microsoft“.


„Овие технологии го имитираат нашиот јазик, приказни, стил и идеи. Милиони книги, статии, есеи и поезии заштитени со авторски права пружаат храна за системите за вештачка интелигенција, бескрајни оброци за кои нема сметка“, се наведува во писмото од авторите.

Но, овие технолошки компании не слушаат. Сè уште можете да одите на некоја платформа за вештачка интелигенција и да ја замолите да ви направи дело во стилот на Маргарет Атвуд. Тоа не мора да биде многу добро, но укажува на тоа дека големите јазични модли можат да направат некоја деградирана верзија. А бидејќи законот за авторски права не е доволно софистициран да се занимава со вештачката интелигенција, а правниот лак во овој момент е практично бескорисен.


„Овој напад на човековата креативност мора да биде сопрен“, се вели во писмото на музичарите. „Мораме да се заштитиме од предаторска употреба на вештачката интелигенција за кражба на гласовите и ликовите на професионалните уметници, кршењето на правата на креаторите и уништувањето на музичкиот екосистем“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг