Свет

Русија: „Лента“ ги укинува хартиените сметки

19 апр 2024

Руската компанија „Лента“ започна со тестирање на технологија која ќе овозможни целосно да се отфрлат хартиените сметки од нивните продавници.

Всушност, компанијата тестира нови опции во супермаркетите во Волга, преку која ќе има можност да се одбие печатењето на сметките од страна на купувачите додека купуваат.

 Потрошувачите во „Лента“ од 2021 година имаат можност преку користење на мобилна апликација на компанијата да одбијат да се отпечати сметката. Благодарејќи на тоа, во 2022 година 19% од сметките не биле печатени, додека во 2023 година секоја петта сметка била испратена во електронска форма.

 Меѓутоа, оваа опција им е достапна само на корисниците на апликацијата на „Лента“, па поради тоа компанијата сака тоа да им го овозможи на сите купувачи.

 Укинувањето на хартиените сметки е едноставен и ефикасен чекор кон намалување на отпадот кој не може да се рециклира и ќе се зголеми оперативната ефикасност. Сакаме на купувачите често да им нудиме нови можности, затоа што електронските сметки се попрактични: не може да се изгубат, нема да избледат и секогаш ќе бидат достапни на апликацијата. Благодарејќи на нашите купувачите кои отсега ќе ја користат оваа опција, за две години заштедивме помалку од 176.000 километри лента за сметки, изјави Марија Филипова, директорка за односи со јавност на „Лента“.

 

 Извор:  Retail.ru

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...