Македонија има најнизок раст, висок буџетски дефицит и голем јавен долг

Македонија споредбено со регионот бележи најнизок раст, со висок буџетски дефицит и значителен јавен долг. Следејќи го извештајот на Светска банка од минатата недела, ММФ од Вашингтон исто така изрази загриженост за економијата на Македонија. Очекувањата се дека годишниот раст ќе достигне само 2,5%, а инфлацијата 3%, со можност за покачување поради зголемувањето на платите во јавниот сектор и минималната плата.

Дефицитот според ММФ во државната каса преминал 5%, додека обврските за изградба на автопати и зголемените плати на административците создаваат дополнителен притисок врз буџетот.

Новите стратешки инвестиции во енергетиката воведоа нова давачка, што може да го зголемат фискалниот ризик, заедно со гарантираните обврски за купување на електрична енергија.

Разочарувачки е наплатата на ДДВ, приходите од акцизи се помали од очекуваните, а трансферите од буџетот се поголеми од предвидените. Поради ова, ММФ смета дека фискалната консолидација ќе биде предизвик за новата влада.

Јавниот долг премина границата од 62% од БДП, а заостанатите неплатени обврски остануваат високи, со ризик од натамошно зголемување. Монетарното затегнување помогнало во контролата на сè уште високата инфлација, со намалени увозни ценовни притисоци од храната и енергијата. Покачените каматни стапки успорија активноста во приватниот сектор. Зајакнувањето на одржливоста, зголемувањето на продуктивноста и структурните реформи се клучни за постигнување на поголем економски раст во услови на зголемена несигурност и ранливост, наведува ММФ.

Невработеноста пораснала, вработеноста стагнира, а сиромаштијата се намалува благодарение на мерките против кризата и зголемените плати, иако со побавно темпо во споредба со периодот пред пандемијата.

Спротивно на негативните ризици, извештајот укажува дека напредокот во преговорите со Европската Унија може да го зголеми економскиот раст и да го приближи животниот стандард на граѓаните до тој на Унијата. Се препорачува воведување на данок на јаглерод како дел од напорите за декарбонизација, за зголемување на приходите во буџетот.