Во што да влезам

11.01.2024 13:14

Во што да влезам? Од што да излезам?
Сè околу мене е пусто и голо, а затворен сум
од илјада страни и врати.

Земја под мене нема, небо над мене нема, но
бесплоден и црн, на едно место стојам и долу
потаму не можам, во нешто горе не ми се дава.

Низ коските и мозокот ко стрела ми пролетува
ветар, и молња, и здивот се мрзне мој, а во срцето ми е,
и во челото, врело и многу, многу темно.

А би сакал во нешто да влезам, од нешто да излезам, а
нигде ништо нема, и сè околу мене е пусто и голо, и,
пак, сè е, глеј, брава, и железен, чуден ѕид.

 

Превод: П. В.


Драгољуб Јекниќ (
Драгољуб Јекнић, 1940–2019) - српски и југословенски писател. Пишувал и објавил многу, во разни жанрови, меѓу другото и низа книги за деца. На српски приредил книга со избрани песни на Блаже Конески.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото