Изложба на слики од Ратко Панчевски во КИЦ

На 9 април 2024 (вторник) ,со почеток од 20 часот во Културно-информативниот центар – Скопје, Салон Империјал 1и 2 ќе се отвори самостојната изложбана слики од Ратко Панчевски.

Ратко Панчевски е роден 1954 год. дипломирал 1981 год. на архитектонскиот факултет во Скопје. Паралено со студиите учи сликарство кај проф. Љубомир Белогаски и Владимир Георгиевски. Работи како проектант на архитектонски објекти и ентериери. Учествува на повеќе архитектонски и урбанистички конкурси. Практикува вајарство, како и применета уметност од областа на копаничарството, илустрирање книги и сликање модни детали од свила. Самостојно излагал во Белград, Скопје и Кочани. Со оваа изложба Ратко Панчевски го одбележува јубилејот 50 години ликовно творештво.

Изложбата ќе биде отворена до 20.04.2024 година.