Споредено со минатите претседателски избори, излезноста досега е поголема за 6%

Според податоците што ги објави ДИК, излезноста на претседателските избори 2024 е поголема споредбено со првиот круг од претходните претседателски избори во 2019 година.

-Излезноста споредена со 2019, е точно за 6% поголема сега од 2019 година – изјави Даштевски на прес конференцијата на која ги објави податоците за излезност до 13 часот.

Во очекување на нова прес конференција на ДИК, засега излезноста е најголема во општина Новаци 42,87%, а најмала во општина Впрачиште 10,11%.