Проекции на филмови по повод 60-годишнината од смртта на Милтон Манаки

Kинотеката ќе бидат прикажани документарниот филм „Манаки - Приказна во слики“ за фотографската дејност на Јанаки и Милтон Манаки, целокупниот опус од 42 филма кои овие балкански кинематографски пионери ги снимиле со култната Камера 300, како и филмска репортажа од 1956 година со тогаш „живата  битолска легенда“ Милтон Манаки.

Најпрвин, со почеток во 18 часот, м-р Роберт Јанкуловски, редовен професор на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ и основач на „Македонски центар за фотографија“, ќе одржи презентацијата под наслов „Фотографиите на Манаки, записи низ времето“.