Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај, оствари средба со Министер советник Љуфтим Спахиу и Радмила Стојмировска прв секретар

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај, оствари средба со Министер советник Луфтим Спахиу и Радмила Стојмировска прв секретар во Амбасадта на Република Македонија во Тирана. На работната информирав за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Република Албанија, при што беа актуелизирани прашања кои се однесуваат на проблемите на македонско национално малцинство во Република Албанија. Воедно, Спахиу и Стојмировска беше информирана и за активностите на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, кое со години е активен субјект сред македоското национално малциство во Република Албанија.

Низ дискусијата, Министер советник г-дин Љуфтим Спахиу и г-ѓа Радмила Стојмировска покажа исклучителен интерес за положбата на Македонско национално малциство. На средбата, многу отворено, се разговараше за можни активности кои би помогнала за надминување на проблемите на Македонско национално малциство во Република Албанија на повеќе полиња. Секако, во опсегот на надлежностите, Спахиу и Стојмировска искажа подготвеност да помогне за подобрување и унапредување на малциските права на Македонско национално малциство во Република Албанија. Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана топло и се заблагодарува за срдечна средба.

Advertisement