Достапни линкови

Сончев и топол викенд


Илустрација
Илустрација

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4 целзиусови степени, а максималната ќе достигне од 14 до 20 целзиусови степени, соопштија од Управата за хидрометеролошки работи (УХМР).

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 20 целзиусови степени.

Од УХМР соопштија дека и утре, во недела, времето ќе биде сончево и релативно топло. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, а кон крајот на денот, во текот на ноќта и во понеделник ќе има повремени врнежи од дожд. На некои места врнежите ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи и силен ветер. Поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег и температурата ќе биде во опаѓање.

Потоа, во следните денови, под влијание на серија влажни бранови ќе преовладува променливо облачно време, со повремени врнежи од дожд.

Нестабилно време со пообилни врнежи, проследени со грмежи се очекува во среда попладне и во четврток.

XS
SM
MD
LG