23 години од масакрот кај Вејце

Македонија денес, со тага го споменува еден од најтешките настани од поновата македонска историја, кој во масакрот кај селото Вејце, во конфликтот во 2001 година, од припадници на терористичката паравоена формација ОНА од заседа беа нападнати и им ги одзедоа животите на осуммина припадници на специјалната единица на МВР.

Местото на  масакрот денеска го посетија од Достоинство, Стојанче Ангелов очекува по конституирањето на новиот Парламент да се усвојат измените на Законот за бранителите, кој го поднеле во Собранието, бидејки според него така ќе се исправи долгогодишната неправда кон бранителите и нивните семјества. 

Почит кон споменот и сеќавањето на убиентите кај Вејце оддаде и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, кој порача дека тие никогаш нема да бидат заборавени. 

Во спомен и чест на бранителот Бобан Трајковски, еден од убиените во масакрот денеска  во центарот на Куманово е откриен мурал со неговиот лик, Од здружението СИЛА од каде се надеваат дека општината ќе именува улица или друг објект во чест на припадникот на безбедносните сили кој го даде животот за државата. 

- Во 2001 година се случи еден настан во текот на борбените дејства при одбрана на државата каде што загинаа осум припадници на безбедносните сили, четворица од армијата, од специјалната единица „Волци“ меѓу кои и Трајковски Бобан-Другарчики. Тој учествуваше во таа акција и го даде својот живот за нашата Македонија. За жал, 23 години само за овој човек колку што имам информација барем за оваа случка никој нема направено апсолутно ништо.  рече Антонио Станковски од здружението Сила Куманово.

Од Министерството за одбрана  пак најавија изградба на спомениците на загинатите бранители во месноста Љуботенски бачила, на Карпалак и во Вејце, откако ќе се  објави оглас за идејно решение и изработка за што се предвидени средства.