logo
logo
logo

На средбата Бегај- Курти главна тема преговорите меѓу Косово и Србија

Vecer | 26.03.2023

На средбата Бегај- Курти главна тема преговорите меѓу Косово и Србија

Бајрам Бегај и косовскиот премиер Албин Курти, објави Бегај на Фејсбук.

Како што стои во објавата тој високо ја оценил внимателноста и храброста што ја покажале премиерот Курти и преговарачкиот тим на Република Косово за прифаќање на европскиот план, како и за негово потпишување и спроведување.

- Нагласив дека јавната согласност и посветеноста на страните за спроведување на европскиот план за нормализација на односите меѓу Република Косово и Србија и соодветниот анекс, како негов составен дел, е уште една  гаранција за мирот, стабилноста, како и иднината на земјите од регионот во Европската Унија, наведува Бегај.

Исто така, посочува тој,  изразил уверување дека целосно ќе се почитува заложбата искажана од  страните во Охрид и "ќе се изнајдат соодветни механизми овој јавен договор да се претвори во меѓународно  обврзувачки и применлив договор за страните".

За време на престојот во Тирана Курти ќе се сретне и со претседателката на парламентот Линдита Никола и со премиерот Еди Рама со кого е планиран работен ручек. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk