Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Официјално: И следната година Македонија нема да учествува на Евровизија

Официјално: И следната година Македонија нема да учествува на Евровизија

Македонија и следната година нема да учествува на Евровизија. Ова е втора година по ред нашата земја да не биде дел од популарната манифестација.

Веста беше објавена со официјално соопштение од Македонската Радио Телевизија.

Евровизија

Македонската Радио Телевизија ја информира јавноста за донесената одлука, идната година да не учествува на Изборот за песна на Евровизија што ќе се одржи во Малме, Шведска.

Ваквата одлука е во најдобар интерес на граѓаните, имајќи предвид дека Јавниот сервис идната година, со сите свои капацитети ќе се фокусира на одбележување на големиот јубилеј, 80 години Македонско Радио и 60 години Македонска Телевизија. Активностите за одбележување на големиот јубилеј ќе се одвиваат во текот на целата 2024 година.

МРТ на своите сервиси ќе ја пренесува манифестацијата, двете полуфинални вечери и големото финале.

Оваа година беше првпат да не испратиме наш учесник на Евровизија. Андреа Коевска беше нашата последна претставничка во 2022 година.

Еве кои земји следната година ќе се натпреваруваат на Евровизија:

Евровизија

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 23503 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.