Овој симптом се појавува наутро, a може да биде знак за срцева болест

Точка

12/04/2024

15:14

5.136

Големина на фонт

а а а

Кардиоваскуларните болести се водечка причина за смрт во светот, поради кои секоја година згаснуваат 17,9 милиони животи, покажуваат податоците на Светската здравствена организација (СЗО).

Доколку не се откријат и лекуваат рано, кардиоваскуларните болести може да бидат фатални. Затоа, забележувањето на знаците за предупредување е многу важно. Некои добро познати знаци на проблеми со срцето вклучуваат болка во градите и отежнато дишење.

Меѓутоа, новото истражување спроведено од научниците Роман Тихомиров, Роберт Х. Окли, Кали Андерсон и колегите открива уште еден симптом кој најчесто се јавува наутро.

Истражувачите откриле дека срцевите аритмии се чести веднаш по будењето. Аритмијата е абнормален срцев ритам, што обично значи дека нашето срце чука пребрзо, пребавно или неправилно.


Тоа може да предизвика:

- Палпитации (чувство на чукање во градите)
- Вртоглавица
- Чувство како да ќе се онесвестите
- Губење на здивот
- Непријатност во градите
- Чувство на умор

Аритмиите може да бидат предизвикани од опасна основна состојба, како што се коронарна срцева болест, срцева слабост, кардиомиопатија или дури и срцев удар.

Сепак, овие симптоми исто така може да се поврзат и со нешто помалку сериозно, како што е вирусна болест, алкохол, кофеин или лекови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг