Командант
од УЧК ќе разрешува генерал
на безбедносните сили, со овој
позајмен наслов, Стојанче Ангелов му одговори на техничкиот премиер Талат
Џафери.
Колку тоа некому да не му се допаѓа, вклучително и на мене,
непобитен факт е дека поранешниот командант Форина од УЧК денес е летимен
претседател на македонската Влада,
додаде тој.
Како Премиер
(Талат Џафери) има право да предлага именување и разрешување на функционери кои
ги именува Владата. Конечната одлука ја носи Владата со мнозинството министри
што само по себе значи дека, за да биде прифатен предлогот на Премиерот за мое
разрешување, поддршка треба да дадат министрите, вклучително и вицепремиерите
од СДСМ. Во спротивно ќе нема мнозинство за мое разрешување, вели директорот на
ЦУК и претседател на Достоинство, Стојанче Ангелов по најавите на техничкиот
премиер дека ќе биде разрешен од директорската функција.
Вели дека за
својата одлука сам да ја напушти функцијата, најпрво се обратил до генералниот
секретар на СДСМ Миле Зечевиќ, а потоа и претседателот на СДСМ Димитар
Ковачевски.
-Двајцата се
изразија позитивно за мојата професионалност како директор на ЦУК и сугерираа
дека во овој чувствителен период за државата треба да останам на чело на оваа
значајна институција без разлика на политичката одлука на Достоинство за
напуштање на владината коалиција. Нивниот коректен став го објавив јавно пред
неколку дена на прес конференцијата на која ја известивме јавноста дека
излегуваме од коалицијата предводена од СДСМ. Отттука сметам дека мојата средба
со премиерот Талат Џафери, со кого од поодамна имам коректна комуникација,
барем на оваа тема е излишна, бидејки, повторувам, Достоинство јавно објави
дека излегува од коалицијата предводена од СДСМ, објави Ангелов.
-Како директор на
ЦУК мој приоритет секогаш била, е, и ќе биде, безбедноста на граѓаните поради
што максимално посветено и професионално ја извршувам оваа одговорна функција.
Доколку Владата се согласи со предлогот на премиерот Талат Џафери и смета дека треба
да бидам разрешен јас без противење ќе ја прифатам нејзината одлука, додава
првиот човек на ЦУК.
Техничкиот
премиер Талат Џафери најави дека е можно да го разреши Стојанче Ангелов од
позицијата во ЦУК доколку тој не стои зад владината коалиција.
Ова доаѓа откако
ВМРО-ДПМНЕ најави проширување на коалицијата во предизборие, а меѓу партиите
беше и партијата на Ангелов – „Достоинство“.