Повик од НАТО: Кина да престане да и помага на Русија

Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТО. / Фото: МИА

Доколку Кина сака да има добри односи со Западот – мора да престане да и помага на Русија во војната против Украина. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ја оценува помошта на Пекинг како помош „од витално значење“ за руските сили.

Тој истакна дека Кина најмногу и помогнала на Русија со тоа што и обезбедила врвна технологија како што се полупроводници.

„Од вкупната количина на електроника што Русија ја има увезено, 90 се од Кина и се користат за производство на ракети, тенкови и авиони. Кина исто така работи на тоа да и обезбеди на Русија подобрени сателитски можности и снимање“, рече Столтенберг.

Тој оцени дека Кина не може да има добри односи „во двете насоки“. Исто така ги предупреди западните сојузници да не станат зависни од Кина како што беа од Русија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот