Агенциите кои ги следат фанатиците на Исламската држава алармираат: Ни претстои опасно лето, знаеме која е нивната главна цел во Европа

Откако ја презедоа власта, талибанците ги чистат ќелиите на Исламска држава низ Авганистан - Фотографија ЕПА

Со оглед на трите смртоносни операции што Исламската држава (ИД) ги спроведе од почетокот на оваа година во Иран, Турција и Москва и четирите напади инспирирани од ИД  во Европа по 7 октомври 2023 година – во Арас и Париз, Франција и во Брисел, Белгија и Цирих, Швајцарија – многу е веројатно дека во наредните месеци оваа терористичка организација или нејзините поддржувачи ќе се обидат да нападнат спортски настани и други цели во Европа, анализира хрватскиот „Јутарњи“. 

Најголемата опасност  се заканува на претстојните Олимписки игри во Франција, главниот спортски настан оваа година, доаѓа предупредувањето од Центарот „Суфан“ од Њујорк, невладина институција која се занимава со глобални анализи. Ова треба да се сфати сериозно бидејќи Исламската држава планираше да изврши напад за време на Светското првенство во 2022 година во Катар, но беше спречен.

Но, разузнавачките агенции кои ја следат Исламската држава и нејзините симпатизери бележат сè поголем број закани и најави кои укажуваат дека планираат напади во Европа. Треба да се сфатат сериозно и да не се игнорираат, како што направија руските власти, па така во март терористите на ИД убија 144 луѓе кои отидоа на концерт во Москва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот