СЗО: Вирусот на хепатитис убива 3.500 луѓе дневно

Повеќе од 3.500 луѓе умираат секој ден од вирусот на хепатитис, предупреди Светската здравствена организација, повикувајќи на решителна и брза акција во борбата против вториот најголем убиец меѓу заразните болести.

Новите податоци од 187 земји покажаа дека бројот на смртни случаи од вирусен хепатитис се искачи на 1,3 милиони во 2022 година, што е за 200.000 повеќе од три години порано, според извештајот на СЗО објавен заедно со Светскиот самит за хепатитис оваа недела во Португалија.

Ова се „алармантни трендови“, рече на прес-конференција Мег Доерти, шеф на глобалните програми на СЗО за ХИВ, хепатитис и сексуално преносливи инфекции.

Меѓу починатите од хепатитис, 83 отсто подлегнале на хепатитис Б, а 17 отсто на хепатитис Ц.

Постојат ефективни и евтини генерички лекови кои можат да ги третираат.

Сепак, само три проценти од оние со хроничен хепатитис Б добиле антивирусна терапија до крајот на 2022 година, се вели во извештајот.

Само 20 проценти или 12,5 милиони луѓе биле лекувани од хепатитис Ц.

„Овие резултати се многу помалку од глобалните цели за 2030 година за лекување на 80 отсто од сите пациенти кои живеат со хроничен хепатитис Б и Ц“, рече Доерти.

Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, нагласи дека податоците од извештајот се „загрижувачки“.

„Иако бројот на инфекции паѓа на глобално ниво, стапката на смртност се зголемува бидејќи премалку луѓе со хепатитис се дијагностицираат и лекуваат“, рече тој.

Африка е одговорна за 63 отсто од новите инфекции со хепатитис Б, но сепак помалку од 20 отсто од новородените бебиња се вакцинирани таму, се вели во извештајот.

СЗО, исто така, истакнува дека погодените земји немаат доволен пристап до генерички лекови за лекување и честопати плаќаат за нив повеќе отколку што треба.

Според извештајот, две третини од сите случаи на хепатитис се регистрирани во Бангладеш, Кина, Етиопија, Индија, Индонезија, Нигерија, Пакистан, Филипини, Русија и Виетнам.

„Универзалниот пристап за превенција, дијагноза и третман во овие 10 земји до 2025 година е од суштинско значење за да се врати глобалниот одговор на хепатитисот на вистинскиот пат, со зголемени напори во африканскиот регион“, се вели во соопштението на СЗО.

Вирусниот хепатитис е вториот најголем убиец меѓу заразните болести, веднаш зад туберкулозата.

Тагови
реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Здравје

10 најздрави сирења, според нутриционистите

Read more

Дали знаете што е витамин N? Многу е веројатно дека сте во дефицит, како и повеќето луѓе

Read more

Витаминска бомба против пролетен умор

Read more

Кардиолози откриваат како да го пресметаме ризикот од срцеви заболувања

Read more
 

Магазин

10 најздрави сирења, според нутриционистите

Читај повеќе

Дали знаете што е витамин N? Многу е веројатно дека сте во дефицит, како и повеќето луѓе

Читај повеќе
  • play_arrow

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Читај повеќе

Како да се ослободите од непријатните мириси во фрижидерот?

Читај повеќе

Витаминска бомба против пролетен умор

Читај повеќе

Кардиолози откриваат како да го пресметаме ризикот од срцеви заболувања

Читај повеќе

На која возраст луѓето најчесто изневеруваат во љубовните врски?

Читај повеќе
  • play_arrow

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Читај повеќе
  • play_arrow

Бургер на едноставен начин

Читај повеќе