„Макпрогрес“ си направи академија за да има слаткари и пекари

Винчини академија се претстави пред јавноста

Оваа иницијатива е инвестиција во младите луѓе, во иднината на прехранбениот сектор и во општеството како целост, изјави генералниот директор на „Макпроргрес“, Глигор Цветанов.

„Макпрогрес“ ја промовираше „Винчини академијата“, која е основана за да си обезбеди кадар за работа овој прехранбен гигант. Како што информираa од компанијата, претставувањето на Академијата било во понеделникот пред присутни претставници од компании, средни и технички училишта. Преку Академијата ќе се спроведува првата сертифицирана програма за кондитор, слаткар и пекар во Македонија.

– „Винчини академијата“ ја креиравме со цел да ги подготвиме идните генерации на кондитори, да ги обучиме со најнови техники и вештини во секторот и да го поддржиме нивниот кариерен напредок. Оваа иницијатива е инвестиција во младите луѓе, во иднината на прехранбениот сектор и во општеството како целост. Ние целиме да создадеме пат за подобро општество, каде што квалификуваната работна сила е достапна и каде што компаниите во прехранбениот сектор можат да го најдат неопходниот талент за своите потреби – истакна генералниот директор на „Макпроргрес“, Глигор Цветанов.

Програмата е во времетраење од три месеци, а ќе предаваат врвни инструктори од прехранбената индустрија. Предавањата ќе се одржуваат во просториите на „Винчини развоен центар“. Едукативниот центар е опремен со најнова технологија и нуди уникатни услови за преквалификација и доквалификација на вработени и невработени, најави Александра Кирилова, директор на „Прогресив академија“.

Програмата за развој на технички вештини и обуки за менаџмент се реализира во партнерство со Макпрогрес и ЕБРД, а имплементаторот на програмата е консултантската компанија од Скопје „Праим поинт“.

Компанијата „Макпрогрес“ има пет бренда: „Винчини“, „Винчини фајнест“, „Армонија“, „Сончева долина“ и „Натура“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот