Јанчев: Нема компромис со државните и националните интереси!

Носителот на кандидатската листа за пратеници од ИЕ4, Сашко Јанчев, во своето гостување во емисијата ,,Инфо Компас” истакна дека Левица е формирана за да биде власт, а не да биде опозиција. Сепак, нема да дојде на власт по секоја цена! 

„Нема отстапување од нашата Македонска платформа! Тоа се нашите црвени линии и Платформата би била, дефинитивно, услов за кревање рака за извесна наредна влада! Тоа треба да биде една општо-прифатена платформа од страна на сите партии и да служи како одбрана при уцените кои произлегуваат од Бугарската и Тиранската платформа! 

Ќе преговараме за економија, за образование, за социјала, но нема да преговараме за унитарноста, идентитетот, секуларноста, територијалниот интегритет и за државните инсигнии!

Од овие пет точки нема попуштање. Ние имаме и други услови, како што се триесет кривични пријави против функционери на СДС и ДУИ, чие процесуирање ќе биде дополнителен услов, но петте точки на нашата Македонска платформа се основ и околу нив нема да попуштиме!“