Три вида овошје кои треба да ги јадете секој ден, според нутриционист

Точка

03/04/2024

17:50

8.968

Големина на фонт

а а а

Овошјето е полно со витамини, влакна и антиоксиданти, а идеално е да се јаде секој ден и тоа неколку пати дневно. Иако секој вид овошје е добар и важен за поздрава исхрана, одредени видови може да го максимизираат внесот на хранливи материи.

Нутриционистот Џејмс Викерс издвоил три вида на овошје кои треба да ги јадеме секој ден бидејќи се нутритивно многу здрави и хранливи и можат значително да ја збогатат исхраната.

Малини

Како прва, многу здрава и нутритивно богата намирница, нутриционистот ги издвојува малините. „Не многу луѓе го знаат ова, но малините се едно од овошјата кои се најбогати со влакна што можете да ги јадете како дел од здравата исхрана. Тие имаат одлични заштитни својства кои можат да помогнат во заштитата на вашите клетки од оштетување, како што се магнезиум, витамин К и витамин Ц“, тврди нутриционистот.


Меѓутоа, ако малините не ви се омилено овошје, можете да изберете и друг вид на бобинки, како што се јагоди, капини, боровинки или црни рибизли. Викерс препорачува консумирање на една чаша одбрано овошје дневно.

Банани

Бананите се омилено овошје кое е добар извор на пектин, растворливи влакна есенцијални за здравјето на цревата. Исто така, скробот во бананите има пребиотички ефект кој може да го стимулира растот на добрите бактерии во цревата, пренесува „Express“. Покрај влакната, бананите се познати и по другите хранливи материи.


„Кога станува збор за есенцијалните микронутриенти, бананите содржат и калиум кој може да помогне во одржување на поздрав крвен притисок и добро здравје на срцето“, истакнува Викерс.

Сливи

Последното овошје кое според нутриционистот треба секојдневно да го јадеме се сливите.

„Со висока концентрација на антиоксиданти, додавањето на ова овошје во исхраната може да му помогне на телото да се бори против штетните соединенија познати како слободни радикали. Слободните радикали се поврзани со здравствени состојби како што се дијабетес и рак, а редовното консумирање сливи може да ги намали шансите за развој на болести“, истакнува тој.


Освен тоа, нутриционистот истакнува дека сливите се овошје кое содржи малку шеќер, што ги прави одлична опција за оние кои сакаат подобро да го контролираат нивото на шеќер во крвта.



Спонзорирани линкови

Маркетинг