МАЈКАТА НА УБИЕЦОТ НА ДАНКА НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ: Дали жената сепак знае каде е телото на детето?
Објавено во: Балкан 16 Април, 2024
Maјката на убиецот на Данка Илиќ одби да сведочи.
Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, која е осомничен за убиството на Данка Илиќ и сопругата на Радослав Драгијевиќ, кој е осомничен дека помагал да се сокрие телото на девојчето, го искористи своето законско право да не сведочи во Обвинителството.
„Сведокот Светлана Драгијевиќ е привилегиран сведок во однос на Радослав Драгијевиќ, кој е нејзин сопруг и син Дејан Драгијевиќ. Таа го искористи правото да не сведочи“, вели адвокатот Небојша Живановиќ.
Таа го има тоа право како најблиска роднина на осомничените. Жената претходно тврдеше дека нејзиниот син не го убил детето, туку дека други го сториле тоа и дека го наместиле него.Девојчето исчезна на 26 март. Потоа полицијата уапси две лица, вработени во „Водовод“ Бор кои признаа дека прво со возило го удриле детето, а потоа едниот од нив ја задавил и ја фрлиле на депонија. Сепак, убијците го преместувале телото и досега тоа не е најдено. Дури еден од убијците учествувал во потрагата по девојчето. Таткото на убиецот на Данка кажал дека нема да открие каде е телото.