Јакимовски не го потпиша кодексот за фер и демократски избори: Големите партии веќе го прекршија Изборниот законик

Претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски, денеска како претставник на коалицијата Храбро за Македонија, не го потпиша Кодексот за фер и демократски избори.

„Јас како претставник на коалицијата Храбро за Македонија не го потпишав Кодексот од две причини. Првата причина е начинот на финансирање на парламентарните избори во коишто огромни суми се оздвојуваат само за четири коалиции или четири политички партии, како што рече претходниот мој говорник, трошки за сите останати.

Идејата на државното финансирање на изборната кампања, на изборниот процес, е да се поттикне политичкиот плурализам, да се поттикне повеќепартискиот систем. Тоа значи да се поттикне јавување на нови политички партии, да се поттикне јавување на нови идеи, на нови мисли, на нови програми, а не е идејата на државното финансирање на изборите да се финансираат главната политичка партија на власт и главната опозициона партија. И што е најстрашно, со Законот се забранува било какво дополнително финансирање. Тоа значи дека ако некоја нова, свежа идеја има поддржувачи и има спонзори кои ќе ја поддржат во оваа кампања, тие не можат со тие средства од спонзори да финансираат кампања, односно медиумска кампања, што е крајно недемократски, антипартиски, антиплуралистички и што е спротивно на интересите на граѓаните на Република Македонија“, кажа претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски.

„Втората причина зошто не го потпишав е тоа што носители на листи учествуваат во претседателската кампања. И сега, можете да замислите, учествуваат во претседателската кампања и не дека имаат некое големо влијание врз гласачкото тело, зборуваат пред приведените партиски членови кои мораат да ги слушаат. Но, праќаат лоша порака, не се почитува Изборниот законик и праќаат лоша порака како ќе ја водат Република Македонија кога ќе дојдат на власт. Тоа значи повторно ќе биде беззаконие, повторно Република Македонија нема да биде правна држава и повторно ќе зборуваме сите во името на правото и на правдата, а уште во изборниот процес сме подготвени да го кршиме Изборниот законик и сѐ она што значи добро однесување на овие парламентарни избори“, истакна Јакимовски.

реклама

Македонија

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Read more

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Read more

Променливо облачно, попладне дожд

Read more

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Read more
 

Вести

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Читај повеќе

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Читај повеќе

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне дожд

Читај повеќе

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе