Македонско-бугарската комисија за историја и образование го продолжува состанокот во Скопје

Македонско-бугарска историска комисија / Фото: МИА

Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија денеска ги продолжува разговорите во Скопје, кои вчера на првиот ден од состанокот биле фокусирани на учебниците, но не беше донесена никава одлука.

Драги Ѓорѓиев, копретседател во Комисијата, по вчерашната средба изјави дека не е усвоен конкретен резултат, заклучок или препорака, но оти имале позитивна атмосфера во разговорите на кои дискутирале само за учебниците и биле запазени нашите интереси.

Имаше материјална расправа и тоа е она што веќе се дискутира во последните три состаноци и утре продолжуваме по тој дневен ред, рече Ѓоргиев.

Заедничката македонско-бугарска Комисија за историски прашања на 15 август годинава усвои и објави препораки кои се однесуваат на подобрување на учебниците по историја за шесто одделение во Северна Македонија и петти клас во Бугарија, како и препораки за заедничко чествување на личности од средниот век – свети Кирил и Методиј, свети. Климент, свети Наум и Цар Самоил.

Тие препораки се усвоени од страна на Заедничката меѓувладина комисија, формирана согласно со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот