Почина Џорџ Форман, еден од најдобрите боксери

Еден од најдобрите боксери на сите времиња, Џорџ Форман, почина на 76-годишна возраст.

„Големиот Џорџ“ го освои олимпиското злато во 1968 година и беше двократен светски шампион во тешка категорија – со разлика од 21 година меѓу титулите, а со освојувањето на втората на 45-годишна возраст стана најстариот шампион во историјата.

Џорџ Форман ја загуби првата титула од Мухамед Али во легендарната борба „Rumble in the Jungle“ во 1974 година, а во професионалната кариера имаше 76 победи, од кои 68 беа со нокаут. Тој се повлече од боксот во 1997 година.

„Нашите срца се скршени. Побожен проповедник, посветен сопруг, грижлив татко и горд дедо и прадедо – тој живееше живот исполнет со непоколеблива вера, понизност и цел. Хуманитар, олимпиец и двократен светски шампион во тешка категорија, тој беше длабоко почитуван – сила на доброто, човек со добра дисциплина, чувајќи ја својата чест за своето семејство и честа објави семејството на Инстаграм.

Џорџ Форман е роден во Маршал, Тексас на 10 јануари 1949 година. Тој пораснал со шест браќа и сестри, одгледани од нивната мајка сама, во сегрегираниот американски југ.

Беше женет пет пати и има дванаесет деца, а сите пет сина се викаат Џорџ.

„Им велам: „Ако некој од нас се качи, сите заедно се качуваме“. А ако некој падне, паѓаме сите заедно2, објасни Џорџ Форман, поради што на сите свои синови им даде исто име.

Покрај боксот, Форман бил и свештеник во црквата на Господ Исус Христос во Тексас, која самиот ја основал и изградил.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното