Македонија ја победи Норвешка и се пласираше во квалификациите

Македонските кошаркари одиграа маестрален меч од првата до последната минута и буквално го прегазија домаќинот.
За Македонија ова беше петтата победа во шестиот натпревар од претквалификациската група која ја завршивме на првото место и се пласиравме во главните квалификации за пласман на Европското првенство.
 
Македонските кошаркари тргнаа фуриозно уште во првата четвртина која ја добивме со двојно повеќе разлика од противникот 24-12. Норвешка не беше достоен ривал за Македонија. До крајот само ја зголемувавме предноста за да славиме со убедливи 79-41.
 
Американецот Ти-Џеј Шортс одново беше вистинскиот лидер на македонската чета со учинок од 22 поени, шест скока и пет асистенции, додека веднаш зад него беше Војдан Стојановски со 16 поени и пет скока.