logo
logo
logo

Во Берлин се одржува референдумското гласање за забрзана климатска неутралност

Vecer | 26.03.2023

Во Берлин се одржува референдумското гласање за забрзана климатска неутралност

Иницијаторите на референдумот сакаат германската престолнина да стане климатски неутрална до 2030 година, а не до 2045 година како што беше претходно планирано.

За овој предлог да стане закон, мнозинството гласачи на референдумот мора да одговорат потврдно на прашањето дали ја сакаат промената. Дополнително, за референдумот да биде правно обврзувачки, најмалку 25 отсто од сите граѓани со право на глас мора да гласаат „за“. Тоа значи дека за успех на референдумот се потребни околу 608 илјади гласови „за“.

Гласачките места на кои жителите на Берлин ќе можат да гласаат на референдумот се отворени во 08:00 часот по локално време, а ќе бидат затворени во 18:00 часот.

Право на глас имаат 2,4 милиони луѓе.

Не е јасно дали е можно Берлин да стане климатски неутрален до 2030 година, забележува ДПА.

Германија планира да стане климатски неутрална до 2045 година, а Европската Унија до 2050 година. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk