Советот на Европа ќе расправа за барањето на Косово за членство

Парламентарното собрание на Советот на Европа денеска во Стразбур расправа за препораката за прием на Косово во членството на оваа организација.

Пред пратениците е предлог-мислењето за барањето за членство на Косово, со кое се препорачува влез на Косово во советот на Европа. Документот подготвен од грчката пратеничка Дора Бакојани беше усвоен на 27 март од комисијата за политички прашања и демократија на парламентарното собрание.

Доколку парламентарното собрание на Советот на Европа го усвои мислењето, конечната одлука за членството на косово ќе ја донесе комитетот на министри на Советот на Европа кон средината на мај.