Кајак Кану Клуб Арка-Борец со одлични резултати на Завидовичи Опен во БиХ

фото: Кајак Кану Клуб Арка-Борец ВЕЛЕС

Во Босна и Херцеговина на Завидовичи Опен 2024 година, Кајак Кану Клуб Арка-Борец настапи со седум натпреварувачи.

Тие се натпреваруваа во четири категории и постигнаа одлични резултати кои можете да ги погледнете во продолжение:

Прво место пионери до 10 годиниу освои Лука Велковски, потоа прво место Андреј Апостов кај пионерите до 12 години, додека втор беше Димитар Драскачев.

Во јуниорска конкуренција првопласиран беше Кристијан Лазаров, а кај сениорите Љубомир Спасиќ се најде на првата позиција, а на третата се најде Енис Небиовски.

Што се однесува до екипниот пласман во сите категории освоено е второто место. Учество земаа 12 клубови од четири држави (Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Македонија) со преку 80 натпреварувачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот