Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска
оствари средба со претседателите на партиите во состав на Коалицијата „Твоја
Македонија“, соопштија од партијата.

Беше констатирано
дека Коалицијата оствари успешен и историски резултат кој создава и одговорност
за реализирање на очекувањата.Претседателот Мицкоски доби поддршка од
претседателите на коалициските партии за отпочнување на преговори за состав на
идната влада.
Според заклучокот на состанокот разговорите треба да се
водат на основа на постулати за забрзан
економски развој на Македонија, силна борба против криминалот и корупцијата и
европските интеграции врз база на принципи и вредности, стои во соопштението.