Тамам кога помисливте дека најтешкиот дел од родителството е зад вас бидејќи детето е големо, многу нешта може самото да ги завршува и генерално работите стануваат полесни, наеднаш доаѓа пубертетот. Овој период е многу предизвикувачки бидејќи вашиот пристап во голема мера влијае врз формирањето на вашето дете како возрасна личност, па сè уште нема одмор за вас! Да почнеме по ред, ова се вашите нови улоги кога детето ќе навлезе во пубертетот.

Набљудувач

Не звучи како многу тешка работа, но да му дозволите на вашето дете самостојно да донесува одлуки и да ги истражува опциите – е всушност многу потешко отколку што звучи, бидејќи некои одлуки ќе бидат погрешни, а вие не треба да се мешате во тоа, освен ако тоа не е нешто опасно за вашето дете. Само така детето ќе ги научи границите и ќе изгради самодоверба. Во оваа фаза од животот престануваме да ги спасуваме децата од секоја непријатна ситуација и стануваме нивна поддршка низ сите предизвици со кои се соочуваат.

Советник

Има многу ситуации во кои вашето дете ќе се најде првпат на оваа возраст и важно е да не влијаете врз одлуката на детето, но она што можете да го направите е да го советувате за можните исходи и опции, да му помогнете да ги разликува предностите и недостатоците на одредени постапки и потоа самостојно да одлучи. Иако често ни се чини дека децата целосно го игнорираат она што им го кажуваме, сепак нè слушаат повеќе отколку што мислиме. Само ако му дозволите на детето да носи одлуки кои директно влијаат врз неговиот живот, може да создадете добра основа, која во комбинација со добра комуникација, несомнено ќе го направи вашето дете – возрасно лице со квалитети.

Тренер

Мајките и татковците во улога на тренери ги учат децата за животот, исто како што другите тренери ги учат за спортовите. Секоја грешка е нова лекција, секој потег носи одредени последици – и позитивни и негативни. Вашата улога како тренер е да му дозволите на детето да оди напред и да го водите само ако е потребно. Тоа ќе се соочи и со подеми и со падови, но на крајот сѐ ќе биде во ред.

Извор



912

X