Кина лансира сателит за комуникација меѓу Земјата и Месечината

Кина денеска лансира релеен сателит, кој ќе обезбедува комуникациски услуги меѓу Земјата и Месечината.

Ова е клучен чекор за кинеските истражувачки мисии, како што се собирање примероци од далечната страна на Месечината или откривање на Јужниот Пол, пишува кинеската новинска агенција „Ксинхуа“.

Сателитот „Чуечијао-2“ полета од базата за лансирање вселенски летала „Венчанг“ во јужната кинеска провинција Хајнан и се одвои од ракетата по 24 минути.

Лансирањето на сателитот е само првиот чекор бидејќи остануваат уште неколку важни маневри за сателитот да стигне до посакуваната елипсовидна орбита на Месечината.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.