Адеми: „ВРЕДИ“ може да се распадне ако влезе во Влада

Висар Адеми

Политичкиот аналитичар Висар Адеми во интервју за „Слободен печат“ порача дека коалицијата „ВРЕДИ“ може да се распадне ако влезе во Владата.

-Ќе биде интересно како ќе се распределат функциите особено во вториот и третиот ешалон. Ако влезат во власта „ВРЕДИ“може да се растури како коалиција, рече Адеми.

Тој смета дека ДУИ е длабоко инсталиран во државните институции.

„ДУИ не се веќе лошите момчиња од планина, тие се 22 години на власт кои имаат изградени капацитети, во јавната администрација и нив не можеш да ги избегнеш затоа што тие имаат од помлад соработник до безбедносните служби и по вертикала има луѓе кои и со ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ја воделе оваа држава“ вели Адеми.

Во однос на економската перспектива на државата со новата власт на ВМРО-ДПМНЕ, Адеми вели:

„Од она што го слушан мислам дека немаат јасна економска реформска и евроинтеграциска перспектива. Ако велат ќе чекаат да се подобри животниот стандард па ќе ги убедуваат нашите партнери од ЕУ да имаат подобар однос кон нас за тоа треба време. И тоа најблаго кажано ти требаат два мандата за грашанонот да го осети тој животен стандард за да можеш да убедиш некого дека можеш и сам. Ние без ЕУ без структурни фондови без помош од таму, било тоа регулаторна помош, таму некоја трета рака која не набљудува и ни кажува тука сте згрешиле, а тука е добро, ние не сме покажале, не сме дале пример дека можеме сами да одиме, посебно во една ваква ранлива демократија, со ваков диверзитет ние покажавме дека не знаеме сами да се справиме со тие стратешки проблеми. Ако се откажат од ЕУ ќе го немаат тој регулатор затоа што тврдиш дека сам ќе можеш да ги направиш реформитеоа, второ ќе немаш фондови, ќе секнат фондовите, трето нема да имаш поддршка од европски партии. Ќе те изземат од билатералните средби и така ти ја губиш таа компаративна предност што си ја имал со Косово со Албанија со Србија, ако си ја имал од 2004 наваму, вели Адеми.

Во однос на идеите за поврзување со БРИКС Висар Адеми смета дека ако имаат такви агенди ако БРИКС тоа е многу далеку од нас. Македонија е на Балканот во срцето на Европа и секаква друга унија е небулоза.

Целото интервју погледнете го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот