Тасев за Студио 10: Бранот на незадоволството на народот е тргнат многу порано од 8ми мај

Никола Тасев во емисијата Студио 10 се осврна на претстојните избори и рече дека СДСМ наместо да смени нешто во нивната реторика и однесување и да се подготви за достоинствен пораз, да го задржи својот дигнитет и по изборите, тие со својата аргоганција се обидуваат да ја држат лавината на незадоволството кај народот.

- Бранот на незадоволството на народот е тргнат многу порано од 8ми мај. На изборите народот одлучува кој ќе биде мандатар, а тој со кого ќе ја направи владата. Мицкоски ја сфати пораката од народот дека народот решил тој ќе биде мандатар и дека не остава после изборите да се губи време. Тој веќе најавува дека контактирал со партии кои ги смета за потенцијални партнери во новата влада. Со освоени над 55 пратеници, со катастрофален пораз на СДСМ, тој и ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат во поволна положба да ги одбираат партнерите со кои сметаат дека Македонија ќе ја извадат од кризата во која сега се наоѓа. - рече Тасев.