Маричиќ за ТВ 24: Гласот за ЗНАМ е глас за ВМРО-ДПМНЕ, нивните програми се исти

Бојан Маричиќ од СДСМ во емисијата 24 Отворено рече дека можните коалиции на ВМРО-ДПМНЕ со ЗНАМ нема да траат долго, зошто ако се погледне програмата и понудата на двете партии, ќе се види дека се исти.

- Пред неколку дена, нивната коалиција беше јавно обелоденета, со тоа што лидерот на ЗНАМ даде јавна поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и на тој начин она што ние долго го дискутиравме во текот на целата кампања како единствена социјалдемократска опција на овие избори, се покажа дека е вистина. Гласот за ЗНАМ е глас за ВМРО-ДПМНЕ и на граѓаните кои сакаат да гласаат на ВМРО-ДПМНЕ, не им требаат посредни политички субјекти. Сигурен сум дека на 8-ми мај, оние граѓани кои поверуваа дека се менува некаква боја или се додава нова нијанса во политичкиот спектар, ќе се уверат дека ЗНАМ е тука само да помогне на ВМРО-ДПМНЕ. - рече Маричиќ.