06 Мај, 2024
0.0226

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Објавено во: Финансии 21 Април, 2024

Добивај вести на Viber

РС Македонија е посветена и останува цврсто на определбата за спроведување на структурните реформи. Реформите се дефинирани заедно со меѓународните партнери и значајна поддршка во нивната имплементација е потврдена од Светската банка преку новата четиригодишна Рамка за партнерство со кредитно портфолио од близу 700 милиони американски долари. Потврда за поддршка на реформите денеска беше изразена и на средбите на заменик-министерот за финансии Филип Николоски во Светска банка со потпретседателката на Светска банка Антонела Басани, извршниот директор на Светска банка Јуџин Ругенат и директорката на Светска банка за Западен Балкан Шиаочин Ју.

„Светска банка е наш значаен партнер од кој добиваме континуирана поддршка над 30 години во развој на општеството. Многу реформи се поддржани преку проекти коишто се досега реализирани и уверувам дека реформите што претстојат пред нас ќе се одвиваат согласно усвоената Рамка за партнерство со јасна цел за пристапување кон ЕУ и обезбедување поoдржлив, поoтпорен и зелен раст“, рече заменик-министерот за финансии.

Тој додаде дека веќе е одобрена првата група на договори за заеми од новата рамка, односно се обезбедени 93,8 милиони евра за развојни политики, 27,5 милиони евра за унапредување на социјални услуги, како и 31 милион евра за надградба и развој на патишта.

„Во наредните четири години на државата и стојат на располагање 695 милиони американски долари кои ќе се насочат кон подобрување на достапноста на квалитетот на јавните услуги, подобрување на опкружувањето за отворање нови и подобро платени работни места во приватниот сектор, зајакнување на отпорноста на климатските промени, како и намалување на загадувањето. За остварување на овие цели проектите се фокусираат во областа на транспортот, општинската инфраструктура, земјоделството, дигитализацијата, енергетиката, здравството, образованието, социјални услуги“, рече Николоски.

На средбата беше изразена благодарност до Светска банка за поддршката што ја дава во континуитет на земјата, а стана збор и за нови можности за продлабочување на таа соработката. Веќе се отпочнати активности за нови проекти за одржлив развој на општините и олеснување на трговијата и транспортот, а ќе се разгледуваат и можностите за проекти во областа на енергетската транзиција и преминување кон извори на чиста енергија и зелен раст, како одговор на климатските промени. 

Средбите се одржаа во рамки на учеството на заменик-министерот за финансии Филип Николоски на Пролетните средби на ММФ и Светска банка во Вашингтон. Покрај средбите со високи претставници на ММФ, тој оствари средби и со заменик на генералниот директор на ММФ Бо Ли, извршниот директор на ММФ Пол Хилберс, алтернативниот извршен директор Лук Дресе, како и директорот на ММФ за Европа Алфред Камер.Заменик-министерот за финансии учествуваше и на состанокот на Холандско-белгиската конституенца, каде припаѓа РС Македонија. Пролетните средби на ММФ и СБ се редовни средби, а годинава се одржаа во период од 15 до 20 април, на кои учествуваше покрај заменик-министерот Николоски, учествуваше и гувернерката на Народната банка на РС Македонија Анита Ангеловска-Бежоска.


Можеби ќе ве интересира

БАНКРОТИРАШЕ ПОЗНАТА БАНКА! СУДБИНАТА НА МНОГУ КЛИЕНТИ ВИСИ НА КОНЕЦ - еве што можат да очекуваат после колапсот

БАНКРОТИРАШЕ ПОЗНАТА БАНКА! СУДБИНАТА НА МНОГУ КЛИЕНТИ ВИСИ НА КОНЕЦ - еве што можат да очекуваат после колапсот

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст