(ФОТО) Руските ученици учат да управуваат со дронови

Руската државна телевизија објави снимки од ученици кои учат како да управуваат со беспилотни летала. Медиумите пренесуваат курсот за обука е 270 часа, а инструкторите се локални наставници кои поминале стручна обука.

Руските власти најавија дека планираат да отворат 45 вакви места за обука во образовните институции во регионот на Волгоград.

Основите за контрола на беспилотни летала треба да станат дел од наставната програма за општо образование за ученици од 1 септември оваа година, според новиот образовен стандард на руското Министерство за образование.

Дисциплината ќе се изучува како дел од новиот предмет „Основи на безбедноста и одбраната на татковината“, кој во суштина е проширена лекција за безбедност на животот за да вклучи основна воена обука во повисоките одделенија.

Планот е да се предава курсот на ученици од 8 – 11 одделение, но во некои училишта за помали деца веќе се воведуваат содржини за контрола на дрон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот